Интернетот ја прави авантурата попривлечна од стабилната врска

July 8, 2024
1 min read

Во ерата на интернетот и социјалните мрежи се појави нов феномен којшто, според стручаците, им отежнува на луѓето да ја пронајдат „вистинската личност“, објави „Мејл онлајн“.

Новото испитување е претставено на годишната Конференција на Друштвото за експериментална биологија во Прага, Чешка, оваа недела. Истражувањето открива дека младите луѓе страдаат од тн. „конфузија на социјалните медиуми“ предизвикана од страниците и апликациите за запознавање. Имено, овие интернет-страници го зголемуваат искушението и желбата за нов партнер, што ги соочува луѓето со помала веројатност да се задржат подолго време во една врска, велат истражувачите.

Покрај тоа, интернет-корисниците се поповрзани со поатрактивни или побогати луѓе од кога било досега, што ги искривува нивните очекувања од потенцијалниот партнер.

Претпоставките говорат дека луѓето на возраст меѓу 18 и 30 години веќе го ценат „задоволството“ повеќе од долгорочната стабилност. Изборот на една личност за партнер е сложен психолошки процес на којшто ефективно влијаат многу социјални фактори, вклучувајќи го изгледот, карактерот и финансиската состојба – како што вели Чајан Мунши, предводникот на испитувањата.

Се проценува дека денес, на пр. 60 милиони луѓе во САД користат платформи за запознавање, а 117 милиони лица се „самци“.

Во анкетата, учесниците се прашувани: „Дали се чувствувате збунето при изборот на животен партнер?“, „Кои се Вашите критериуми за избор на животен партнер?“, „Дали сè уште барате други партнери и кога веќе сте во стабилна врска?“ и „Дали сакате да прејдете на ‘подобра можност’ кога избирате животен партнер?“

Според тоа, жените се чувствуваат повеќе збунети кога бараат партнер отколку мажите.

Општо земено, несигурноста на луѓето за тоа со кого всушност да се гледаат ја попречува нивната способност да го изберат „вистинскиот“ партнер. Оние кои се веќе во врска често преземаат апликација за запознавање само за да видат други „можности“.

– Тоа ја поттикнува импулсивноста на сметка на воспоставувањето стабилна врска, вели Мунши.

Уште повеќе, зголемувањето на пристапот до привлечни или сексуално стимулирачки содржини го искривува она што луѓето го очекуваат од можниот партнер – вклучувајќи го нивниот изглед, личноста, финансиската состојба итн. имено, со напредокот на вештачката интелигенција и филтрите, луѓето ги менуваат своите фотографии за да изгледаат подобро и поубави – со помазна кожа, сјајна коса, разубавено лице и други примамливи, но прилично нереални квалитети.

– Ова создава искривен поглед на реалноста кај младите, што води до конфузија околу изборот на потенцијалните животни партнери, вели Мунши.

Сепак, авторите на испитувањето појаснуваат дека се потребни дополнителни истражувања за подобро да се разбере како општествените ставови го поттикнуваат притисокот кај младите во светот на интернет-запознавањето. Резултатите покажуваат дека „индексот на задоволство“ или „адреналинскиот налет“ на врските станал поважен од долгорочната стабилна врска, што може да влијае на менталното здравје на младите, велат истржувачите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавен насловот на филмот со Бред Пит како Формула 1 возачот Сони Хејс

Следно

Штит против агресија, бедем за мир и просперитет – 75 години НАТО

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop