Инстаграм фото: Напредува изградбата на телекомуникациската кула на Водно

February 12, 2023
1 min read

Напредува изградбата на телекомуникациската кула на Водно во Скопје, која Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) почна да ја гради во 2013. Во моментов, на терен градежните работи се интензивирани. Во средина целосно е направено бетонското стебло, се работи на четирите платформи во форма на чинии и на четирите како извиткани столбови.

На врвот на телекомуникациската кула, која ќе биде висока 155 метри, ќе има панорамски ресторан кој сè уште не е почнат да се гради.

Објектот ќе биде со централно армиран бетонски столб на кој ќе бидат четири конзолни платформи и челично решеткаст столб, а на врвот ќе има антена. На платформите ќе има канцелариски простор и ќе биде сместена целата опрема.

Изведувач на градежните работи е градежното претпријатие „Гранит“. Вредноста на договорот за градежни работи е околу 18 милиони евра.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови земјотреси во Турција

Следно

Накратко затворен воздушниот простор над езерото Мичиген во САД

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop