Инспекција идната недела ќе влезе во КФСМ

August 30, 2024
1 min read

Инспекција ќе влезе во Кошаркарската федерација. Ова денеска го најави министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање за коментар во врска со случувањата во КФСМ, односно обвинувањата од селекторот Горан Андреевски кои вчера излегоа во јавност.

-Она што можеме да го кажеме е дека изјавите на селекторот се доста загрижувачки и ќе направиме се што е во наша моќ, во најбрзо време, можеби и идната недела да испратиме инспекција во федерацијата за да ги провериме тврдењата на селекторот дали се точни и дали се потрошени сите средства кои ги добиваат федерациите од државата, на вистинско место, истакна Ристовски.

Посочи дека како министерство не планираат да се мешаат во внатрешните работи на ниту една федерација и немаат намера да учествуваат во било какви дебати со било кој од засегнатите страни.

Доколку се утврди било каков пропуст од КФСМ, Ристовски верува дека тие ќе бидат санкционирани.

Инаку, по вчерашните обвинувања од Андреевски за условите, демант пристигна од КФСМ и од хотелот „Континентал“ каде биле сместени младите репрезентативци.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Советот за безбедност на ОН го осуди израелскиот воен напад врз хуманитарните работници

Следно

Приведен маж поради предизвикување пожар во Гостиварско

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop