Инфлацијата во јули 4,8% – Народната банка прави анализи дали би дејствувала

August 7, 2025
1 min read

Забрзува инфлацијата во јули. Споредено со истиот месец лани таа е повисока за 4,8 насто, додека ако се спореди периодот јануари – јули 2025 со истиот период во 2024 година, таа се зголемила за четири насто.

Најголемо зголемување има кај храната која за еден месец поскапела 6,8 насто, а значително поскапа била и рекреацијата и културата. Од Народната банка, која со закон е задолжена да ја штити ценовната стабилност велат дека внимателно ја следат состојбата, но дека во моментов не размислуваат да ја зголемат основната каматна стапка која е 5,35 отсто и според која се одредуваат каматите на кредитите.

„Имаме и други инструменти, како што е задолжителна резерва, и така наречените макропрудентни мерки, со кои што може благо да се делува во една или во друга насока во зависност од притисоците во движењето на стапката на инфлација. Како што забележавме од податоците во јуни, единствено се сега концентрирани на домашните фактори, домашната побарувачка, која што притиска на растот на цените, и на цените на храната.“, вели Трајко Славески.

Но, гувернерот Славески вели дека ги очекуваат мерките на владата за справување со повисоките цени.

„Во овој момент немаме информација, самата влада, Министерството за финансии, Министерството за економија и труд ги прават проценките. Секако, секој потег кој што е одржлив на среден и на подолг рок, од страна на носителите на фискалната политика, е добредојден и и помага на Народна банка во одржувањето на стабилноста од цените.“, порача Трајко Славески.

Инаку, премиеорт Хритијан Мицскоски пред неколку дена најави дека ако имаме зголемување на цените, пред се кај храната, ќе има сериозни мерки кои ќе се разликуваат од претходните.

„Ќе излеземе многу скоро, ќе излеземе со неколку модели кои што во одредени сегменти биле успешни, така што сакаме целосно сценарио овој пат кое што мислиме дека ќе ги стабилизира цените на производите во маркетите.“, вели Христијан Мицкоски.

Освен цените на храната, голем проблем во Македонија е и базичната инфлација која исто така е висока и за да се намали, потребно е заедничко дејствување на фискалната и на монетарната политика. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ССК ги разреши потпретседателите Георгиевски и Костадиновски и ги исчлени од организацијата

Следно

Растот на цените на храната е само 0,3 % – инфлацијата е во другите сектори

Latest from Blog

Милеи донесе вонреден декрет по масовните навреди кон Аргентина по Светското првенство

По тешкиот пораз во финалето на Светското првенство, што го поттикна верувањето во Аргентина дека земјата станала цел на бран омраза, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи потпиша вонреден декрет со кој им се

Ричард Гренел, соработникот на Трамп, во средата бил во Скопје – самиот објави видео

Видеото што го објави Гренел на Инстаграм е снимено од погорните катови на зградата „Адора Флатирон“ во скопска Кисела Вода. Гренел имал приватна средба со премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски, потврдија

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот
Go toTop