Инфлацијата во Грција зголемена на 3,5 отсто во декември

January 12, 2024
1 min read

Годишната инфлација во Грција, во декември 2023 година се зголемила на 3,5 отсто, наспроти 3 проценти еден месец претходно, а цените на прехранбените производи, за една година се за 8,9 отсто поскапи, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоците од грчката служба за статистика, од декември 2022 до декември 2023 година, најголемо зголемување, од 58,5 отсто бележи маслото, а најголемо намалување има на цената на природниот гас, за 52,9 отсто.

Кај прехранбените производи, освен кај маслото, големо зголемување има кај цените на овошјето (за 15 проценти) и кај зеленчукот (за 14 отсто), месото во споредба со лани е за 6,5 проценти поскапо, млечните производи и јајцата за 3,8 отсто, лебот и житните производи за 2,6 проценти итн.

Минатата година, инфлацијата во Грција се движеше меѓу 1,6 и 7 отсто, најниска беше во септември, а највисока во јануари.

По намалувањето на 1,6 проценти во септември, во октомври се зголеми на 3,4 проценти, во ноември изнесуваше 3 отсто, а во последниот месец од годината повторно се зголеми на 3,5 проценти.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Против кичевчанецот кој си го уби детето МВР имало над 50 пријави

Следно

Газа: На границата со Египет се копаат масовни гробници за Палестинците убиени во израелските напади

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop