Индонезија истражува нелегално производство на 109 тони злато во државниот рудник

July 5, 2024
1 min read

ЏАКАРТА (АА) – Индонезија започна кривична истрага за наводно нелегално производство на 109 тони златни прачки во државниот рудник за злато Анека Тамбанг (Антам) во текот на 12 години, јавува Анадолу.

„Осомничени се шест поранешни генерални директори на Антам задолжени за пречистување и управување со благородни метали меѓу 2010 и 2022 година“, објави денес „Џакарта глоуб“.

Обвинителите вчера го сослушаа поранешниот комесар Антам, кој беше на функцијата од април 2014 до март 2019 година, објави весникот, повикувајќи се на портпаролот на државниот обвинител Харли Сирегар.

Истражителите тврдат дека осомничените најмалку 12 години, од 2010 до 2022 година, незаконски соработувале во производство на 109 тони ковани златни прачки со логото на Антам.

Според портпаролот, обвинителите заплениле од осомничените 7,7 килограми златни прачки и испитале околу 100 сведоци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експлозија во Загреб, разнесен банкомат

Следно

Евакуиран вториот терминал на аеродромот Хитроу во Лондон

Latest from Blog

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една
Go toTop