Индонезија: Девет лица загинаа во експлозија на вулкан на островот Флорес

November 4, 2024
1 min read

МАУМЕРЕ (АА) – Најмалку девет лица загинаа во вулканска експлозија што се случи на индонезискиот остров Флорес, јавува Анадолу.

Вулканската ерупција се случи на планината Левотоби Лаки Лаки, лоцирана на Флорес, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи.

Неколку куќи, вклучително и еден манастир, изгореа во блиското село до кое по ерупцијата се спуштија потоци лава.

Властите известија дека осум лица, меѓу кои и една калуѓерка, ги загубиле животите, додека едно лице се води како исчезнато.

Вулканот од минатата недела секој ден исфрла густа кафеава пепел до 2.000 метри во воздухот.

Во Индонезија, која се наоѓа во појасот на „Пацифичкиот огнен прстен“ на земјотреси и вулкани, има околу 130 активни вулкани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури, препорачуваат агрометеоролозите

Следно

Верстапен собори рекорд на Шумахер

Latest from Blog

Функционер во ОН предупредувал на глад во Газа, па останал без работа

Бенџамин Дејвис рече дека раководството на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) не сакало да му го продолжи договорот на позицијата директор на одделот за рурална трансформација и родова еднаквост, пишува „Гардијан“.
Go toTop