Индија: Автобус излета од коловозот во Кашмир, загинаа 33 патници

November 15, 2023
1 min read

СРИНАГАР (АА) – Најмалку 33 лица ги загубија животите, а неколку се повредени кога патничкиот автобус со кој патувале паднал во клисура во Кашмир под управа на Индија, пренесува Анадолу.

Очевидецот Мохамед Асиф за Анадолу изјави дека автобусот излетал од патот и паднал во клисурата во близина на подрачјето Трунгал-Асар на главниот автопат во округот Дода во провинцијата Џаму, на околу 300 километри од Сринагар, главниот град на регионот.

Операцијата за спасување е во тек, а официјалните лица стравуваат од можноста да се зголеми бројот на загинати.

Џитендра Синг, член на индискиот Парламент од провинцијата Џаму, изјави дека на располагање ќе биде хеликоптер за да можат критично повредените пациенти да бидат пренесени на лекување во градот Џаму.

На неколку патишта во планинските региони на провинцијата Џаму, особено во окрузите Дода, Киштвар, Раџаури и Пунч, несреќите се честа појава, а како причина се посочуваат лошите услови, возење во алкохолизирана состојба, брзо возење, преоптовареност и одрони предизвикани од лошото време.

Загинаа вкупно 805 лица, а уште 8.372 се повредени во 6.092 сообраќајни несреќи во регионите Џаму и Кашмир во 2022 година, според податоците што ги објави сообраќајната полиција на земјата.

Во текот на првите четири месеци оваа година, во 1.812 сообраќајни несреќи животот го загубија 254 лица, а повеќе од 2.300. Поголемиот дел од сообраќајните несреќи се случиле во регионот Џаму.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Јовески и Лога во остра јавна преписка околу Извештајот за работата на јавните обвинители

Следно

Обвинителството ќе се жали на висината на казната за возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“

Latest from Blog

Мис Универзум Мексико ќе оди на суд- ја тужи организаторот на натпреварот (ВИДЕО)

Целата драма кулминираше со судска постапка по неколку недели јавни обвинувања. Како сè започна Раздорот започна на 4 ноември, кога Ицарагрисил јавно ја критикуваше мексиканската претставничка за наводно одбивање да учествува во

ВИТАМИНСКА БОМБА ЗА АНЕМИЈА

Чувство на постојан умор, бледа кожа, забрзано чукање на срцето и недостиг на здив – можеби мислевте дека е само последица на стрес и современиот начин на живот. Но што ако станува

ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

Институтот за бои Пантон традиционално, како и секоја година, ја избира бојата за претстојната 2026 година и веќе ја гледаме насекаде околу нас. Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година
Go toTop