Индија: 13 лица загинаа при уривање на покрив од скалила во храм

March 30, 2023
1 min read

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Најмалку 13 лица загинаа денес по уривање на покрив од скалила во храм во централната индиска држава Мадја Прадеш, јавува Анадолу.

Инцидентот се случил во храмот „Белешвар Махадев Џулелал“ во Индоре, кога огромна толпа се собрала да го прослави хиндускиот фестивал „Рам Навами“.

Министерот за внатрешни работи на Мадја Прадеш, Наротам Мишра, за новинарите изјави дека 13 лица загинале во овој трагичен инцидент.

„Единаесет тела, од кои 10 се жени и еден маж, се извлечени, додека 19 лица се спасени од локацијата. Двајца од спасените лица починаа во болница“, рече Мишра, додавајќи дека е отворена истрага.

Главниот министер Шиврај Синг Чоухан најави компензација од 500.000 РС (6.000 долари) за роднините на починатите и 50.000 РС (600 долари) за повредените, се вели во соопштението на државната Влада.

Индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер изрази сочувство за несреќата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Советниците го одбија предлогот на Арсовска за набавка на нови автобуси

Следно

Мицотакис: Со или без европски пари, оградата кај Еврос ќе биде изградена

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop