Ин мемориам: Почина историчарката Наде Проева чија специјалност беше историјата на античките Македонци

November 7, 2024
1 min read

Вчеравечер, на 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја.

Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век, и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда. Нејзините студенти ја паметат како професорка која целосно одговора на описот „строг, но правичен учител“.  Нејината кига „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата античките Македонци и  прв напишан учебник за студентите  на катедрата за Историја.

Наде Проева е родена на 9 септември 1949 г., завршува средно образование – гимназија. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“.

На Филозофскиот факултет во Белград, во 1978 година ја брани магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“.

Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија.

Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), Француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др.

Учествувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска држела предавања во Хрватска Словенија, Франција, Холандија. Исто така учествувала во ископувањата на антички и средновековни локалитети во Македонија, Србија, Полска и Грција; во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академинја на науките. Како визитинг – професор има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Paris X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките Македонци.

Професорката Наде Проева, до последните денови од својот живот беше ангажирана преку свои критички текстови и публикации за праведно решение, за како што велеше – „неправдите што современата политика ги нанесува на Македонија, на Македонците и македонскиот национален идентитет“.

Редакцијата на Курир изразува искрено сочувство кон семејството за смртта на големата Македонка проф. д-р Наде Проева, нека почива во мир.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисајловски на ТВ21: Тука кажав дека ќе бидеме блиску до 2/3 мнозинство, сега велам дека убедливо ќе победиме на следните локални избори

Следно

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Latest from Blog

Никушар дан-проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на претседателските избори во Романија

Никушар Дан, проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на повторените претседателски избори во Романија. Тој освои 54% од гласовите, додека неговиот ултрадесничарски ривал Ѓорѓе Симион, кој беше фаворит, обезбеди околу 46% проценти од

„Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, изјави израелскиот министер Смотрич

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич изјави дека ќе го окупираат целиот Појас Газа, велејќи: „Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, рече тој.

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија – Судски совет неправилно гласал

Од Управниот суд ја поништија одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд, поради неправилно спроведена постапка од страна на Судскиот совет. Судот утврди дека Советот не ги разгледал

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани

Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница

Папата Лав Четиринаесетти се сретна со потпретседателот на САД

Папата Лав XIV утрово се сретна со потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, соопшти канцеларијата за печат на Светата столица. Потпретседателот на САД ги претставуваше САД на мисата за инаугурација на папата
Go toTop