Имаме ли Викиликс 2.0?

April 12, 2023
1 min read

Документ од почетокот на февруари открива сомнеж во шансите на Киев да успее во планираната контра-офанзива и дека реално може да се надева само на скромен напредок.

Во документ од 23 февруари се укажува на присуство на 50-тина специјалци од Запад кои во моментот делуваат во Украин, без да се наведат нивните конкретни задачи.

Се зборува и за потешкотиите на Киев да сочува клучни системи од против-воздушната одбрана и опасноста украинската војска да остане без важни проекти.

Се спомнува и бројот на жртвите. Наводно, Русите изгубиле e 223.000 војници а украинските жртви изнесуваат 131.000. Украина ги отфрли наводите сметајќи ги документите како производ на руската пропаганда.

Една од протечените информации е дека Египет планирал тајно да ја снабдува Русија со ракети и друга муниција. 40.000 ракети месечно. Ова па Кремљ го отфрли како лажна вест. Ројтерс во јануари објави необичен скок на извозот на руска пченица во Египет.

Јужна Кореја изразила загриженост дека нивните артилериски гранати кои одат за САД би можеле да завршат во Украина што би било голем проблем за нивната долгогодишна политика која има масовна поддршка меѓу граѓаните, да не се праќа оружје во земји во војна.

Аналитичари сугерираат дека протекувањето на преку 100 високо доверливи американски безбедносни документи е само врв на ледениот брег и дека освен штетата по репутацијата на САД, случајот ќе ги поремети односите со сојузниците.

Србија одбила да ги обучува украинските сили, но ветила дека ќе испрати помош во оружје или веќе го направила тоа. Во документ од 2 март се вели дека Србија има политичка волја и воена способност да обезбеди оружје за Украина во иднина.

Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ изјави дека Србија нема пратено ниеден куршум за ниедна од страните во војната во Украина и дека не продава ниту ќе продава сложени борбени системи.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Следно

Четворица загинати во вооружен напад врз воена база во северна Индија

Latest from Blog

Швебе ги спасуваше „јарците“, но Борусија се спаси во 7. минута од судиското продолжение!

Фото: Борусија Дортмунд Х Во рамките на осмото коло од германската Бундеслига, екипата на Борусија Дортмунд на домашен терен го совлада Келн со гол постигнат во последната минута од натпреварот. Се очекуваше

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше

Левичарката Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

Според прелиминарните резултати, независната кандидатка на левичарската партија, Кетрин Коноли, победи на претседателските избори во Ирска со убедлива разлика, освојувајќи 64 проценти од гласовите по преброени две третини од гласачките ливчиња. Нејзиниот
Go toTop