Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат

February 26, 2025
1 min read

Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има закон и ќе бидат одговорни пред законот, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Неготино, кој одговараше на новинарско прашање дека Комисијата за заштита од конкуренција откри картелско здружување на неколку супер маркети, односно договарање на цените на прехранбените производи и за што е поведена и прекршочна постапка.

Премиерот Мицкоски истакна дека на дневна основа е во координација со Државниот пазарен инспекторат, министерот за економија и труд и Комисијата за заштита на конкуренција и како што рече никогаш досега покриен е теренот со инспекции и јасна анализа и следење на состојбите во ланците, супер маркети, мини маркети итн.

-Секој оној којшто мисли дека со трикови ќе се служи има Закон и ќе сноси одговорност соодветно на законот. Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има Закон и ќе бидат одговорни пред законот. Сите оние коишто мислат дека на грбот на народот ќе се богатот, тоа ние како Влада нема да го дозволиме, рече премиерот Мицкоски.

На новинарско прашање дека некои од големите ланци на супер маркетите тактизираат во однос на пониските цени, дали размислува како одговор на ова да го продолжите рокот на траење на оваа мерка, премиерот Мицкоски е дециден дека тој што тактизира ќе плати казна согласно законот.

-Не, не можат да тактизираат, си има законски рок, кој е со уредба донесен итн. и не може да се тактизира. Тој што тактизира ќе плати казна согласно законот. Нема тактизирање, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Член на партијата „Десна“ рече дека за време на убиството на Вања, се допишувал со Палевски на „Телеграм“, но комуникацијата се избришала

Следно

РФМ ја исплати наградата на репрезентативците за настапите на Мундијалот

Latest from Blog

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop