Им се оддава почит на настраданите во подморницата „Титан“: Нашите срца се со семејствата на загинатите, соопшти Белата куќа   

June 23, 2023
2 mins read

Американската морнарица открила „акустична аномалија која наведува на имплозија“ само неколку часа откако подморницата го започнала нуркањето во неделата, пишува Би-би-си. Информацијата веднаш била споделени со американската крајбрежна стража, која ја искористила за да го намали опсегот на потрагата, изјавил официјален претставник за Си-би-ес њуз. Сепак, како што наведува Би-би-си, не е јасно зошто оваа информација не беше објавена порано

Пријатели, роднини и колеги им оддадоа сочувство на семејствата на петчлениот екипаж на подморницата „Титан“, кои по неколкудневна потрага вчера беа прогласени за мртви. Тие ги загубиле животите во, како што се верува, „катастрофална имплозија“ што се случила на патувањето на подморницата до остатоците на бродот „Титаник“ во северниот Атлантик. 

Подморницата „Титан“ на американската компанија „Оушнгејт“/Фото: Оушнгејт

Жртви на трагедијата се педесет и осумгодишниот британски милијардер и авантурист Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд (48) и неговиот деветнаесетгодишен син Сулејман Давуд, францускиот нуркач Пол-Анри Нарголе и соосоновачот и извршен директор на компанијата „Оушнгејт“, која ја организира експедицијата, Стоктон Раш.  

Вчера, по неколкудневни воздушни подводни пребарувања, роботизирано нуркачко возило распоредено од канадски брод откри остатоци од подморницата  на дното на океанот на оддалеченост од 488 метри од остатоците на „Титаник“.  

Белата куќа издаде соопштение со сочувство до семејствата на петтемина загинати.  

„Нашите срца се со семејствата и најблиските на оние што ги загубија животите на ‘Титан’. Тие поминаа низ ужасно искушение во изминатите неколку дена, а ние ги чуваме во нашите мисли и молитви“,

се наведува во соопштението.  

Од Белата куќа, исто така, упатија благодарност до сите вклучени во големата мултинационална потрага по подморницата.  

Пораки со сочувство упати и шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли кој по информацијата дека екипажот на „Титан“ е мртов рече дека станува збор за трагична вест. 

Семејството на бизнисменот роден во Пакистан, Шахзада Давуд, и неговиот 19-годишен син Сулеман, соопшти дека е во длабока тага поради трагедијата и рекоа дека им се благодарни на сите вклучени во спасувачките напори.  

„Нивните неуморни напори беа извор на сила за нас… Огромната љубов и поддршка што ја добиваме продолжува да ни помага да ја издржиме оваа незамислива загуба“,

се вели во изјавата на Хусеин и Кулсум Давуд, родителите на Шахзада Давуд.  

Засега сè уште не е познато што ја предизвикало имплозијата на подморницата.  

Американската морнарица открила „акустична аномалија која наведува на имплозија“ само неколку часа откако подморницата го започнала нуркањето во неделата, пишува Би-би-си. 

 Информацијата веднаш била споделена со американската крајбрежна стража, која ја искористила за да го намали опсегот на потрагата, изјавил официјален претставник за Си-би-ес њуз. 

 Сепак, како што наведува Би-би-си, не е јасно зошто оваа информација не беше објавена порано. 

 Се претпоставува дека звукот на имплозија бил детектиран од таен систем за подводна слушање, односно сонар со долг дострел на морнарицата, кој потекнува од времето на Студената војна. 

Системот за звучен надзор е создаден во 1950-тите години за да слуша советски подморници во далечните длабочини на Атлантскиот Океан. 

Прецизни детали за тековните операции на сонарот се класифицирани, но веб-страницата на американската морнарица ги опишува како „откривање, локализација и следење на подморници и собирање акустични и хидрографски информации“. 

Туристичката подморница исчезна во неделата во близина на потонатиот брод „Титаник“ во средината на Атлантикот, а целосен траг ѝ се губи еден час и 45 минути по нурнувањето. 

Станува збор за подморница која може да се спушти на длабочина од 4 000 метри. Нејзините димензии се 670 сантиметри должина, 280 сантиметри висина и 250 сантиметри широчина. Може да обезбеди поддршка од 96 часа за петчлена екипа. Се движи со брзина од околу 3,5 милји на час, односно 5,6 километри на час.   

Освен за носење нуркачи до потонатиот брод „Титаник“, подморницата се користи за истражување и инспекција на локацијата, истражување и собирање податоци, филмска и медиумска продукција и тестирање хардвер и софтвер на длабочина. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Газдата на Оушнгејт не верувал дека му требаат квалификувани луѓе за работа

Следно

Состанок на турски и американски претставници во рамките на Турско-американскиот стратегиски механизам

Latest from Blog

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се

Проданоски: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека празникот е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Во честитката тој

Божиновска: Наша обврска е да го чуваме наследството на борците за Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Go toTop