ИЛО: Приближно 828.000 луѓе во Турција и во Сирија изгубија работа по земјотресите

March 28, 2023
1 min read

Околу 828.000 работници останаа без работа по серијата земјотреси што во февруари ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, објави денеска Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

Првите податоци покажуваат дека земјотресите во Турција доведоа до намалување на работната активност и оти околу 658.000 луѓе се без работа или приход, според процената на ИЛО.

Во Сирија, каде веќе 12 години трае граѓанска војна, што нанесе големи штети на економијата и на пазарот на трудот, околу 170.000 работници останаа без работа поради земјотресите.

Без итна и насочена помош, сиромаштијата, неформалното вработување и детскиот труд веројатно ќе се зголемат, предупреди ИЛО, додавајќи дека отворањето работни места е од суштинско значење за „ефективен и инклузивен одговор“ на катастрофата.

Меѓународните донатори на конференцијата во Брисел минатата недела ветија дека ќе обезбедат седум милијарди евра помош за населението на Турција и на Сирија погодени од земјотресот на 6 февруари, при што загинаа повеќе од 56.000 луѓе и предизвика штета, што се проценува на повеќе од 100 милијарди евра.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стручниот и обдукцискиот извештај треба да ги покажат причините за смртта на шестгодишното девојче во Битола

Следно

Маричиќ: Важно да се држиме на обврските од нашиот европски пат

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop