Илјадници луѓе на погребот на Скилачи

September 20, 2024
1 min read

Илјадници луѓе присуствуваа денеска на погребот на легендарниот италијански фудбалер Салваторе Тото Скилачи во Палермо, кој почина во средата на 60-годишна возраст.

Роден и израснат во Палермо, легендарниот Скилачи никогаш не играше за локалниот клуб, а по завршувањето на кариерата отвори младинска фудбалска академија во родниот град.

Покрај цвеќиња, на ковчегот на последното испраќање на Скилачи беа ставени и дресовите на Италија и Палермо, како и шаловите на клубовите за кои настапуваше – Месина, Јувентус и Интер. Кариерата ја заврши во јапонскиот клуб Џубило Ивата во 1999 година.

На погребот присуствуваа многу поранешни фудбалери и соиграчи, меѓу кои и Џузепе Бергоми, како и поранешни и сегашни челници на Италијанската фудбалска федерација. На влезот во катедралата беше поставен венец испратен од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со порака: „Херој на Италија 90“.

Скилачи беше најдобар стрелец на Светското првенство во 1990 година со шест голови, а беше прогласен и за најдобар играч на тоа првенство во Италија. За италијанската репрезентација одигра 16 натпревари и постигна седум голови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реката Дунав речиси на највисокото ниво, стигна до зградата на унгарскиот Парламент во Будимпешта

Следно

Ердоган: Лобијата кои се хранат со солзите на угнетените се вознемирени од Туркије

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop