„Или-Или“ ја објави „Едно лето со Рембо“ посветена на легендарниот француски поет

November 16, 2023
1 min read

Утре од печат излегува уште една книга од прекрасниот серијал „Едно лето со…“ на издавачката куќа „Или-Или“, овој пат посветена на легендарниот француски поет Артур Рембо. Се работи за петтата книга во едицијата „Виртус“, со што издавачката куќа ја продолжува тенденцијата барем еднаш годишно да ја израдува македонската читателска публика со дело од популарниот серијал. Преводот од француски на македонски јазик е на Валентина Новачева, а објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура и Програмата за помош во издаваштвото на Францускиот институт.

„Едно лето со Рембо“ е патепис за животната и творечката таректорија на еnfant terrible – поетот, надреалист и симболист Артур Рембо. На тој пат, Силвен Тесон – и самиот вечен патник – ќе се обиде да го лоцира авторот како авангарда пред авангардата и да даде одговор на прашањето зошто неговата контроверзност провоцира и 150 години подоцна. Во времето кога светот беше парализиран од кинескиот вирус, Силвен Тесон „побегна“ истражувајќи го животот и делото на Рембо. Од тоа бегство произлезе оваа длабока (и објективна) анализа на појавата на францускиот автор како предвремена комета на литературното небо. Можеби Тесон успеа да го врами фундаменталното прашање: што е тоа што го прави Рембо толку историски важен книжевен феномен? И, кои индивидуални и колективни околности ја овозможија појавата на тој феномен?

Силвен Тесон е француски писател и патник-авантурист, роден на 26 април 1972 година во Париз. Бил дел од голем број необични патувања и експедиции кои се основа за неговите книги. Помеѓу неговите најуспешни дела се „Во сибирските шуми“ (Dans les forêts de Sibérie), за проект да се живее шест месеци сам во селска куќичка во Сибир, и „Уметноста на трпението“ (L’art de patience) за потрагата по снежните леопарди на Тибет. За таа книга ја добил наградата „Ренодо“ (Prix Renaudot). По образование е географ, но има и диплома по геополитика.

Ноќта помеѓу 21-ви и 22-ри август 2014 година, Тесон паднал од покривот на планинската куќа во Шамони при што се здобил со 4 фрактури на черепот и завршил во кома од којашто се разбудил со парализа на десната страна на лицето. По несреќата се одлучува да ја помине Франција пеш, што подоцна ќе е темата на неговата филмувана книга „По непознатите патеки“ (Sur les chemins noir). Тесон има напишано и две дела произлезени од радио-програмата од серијалот „Едно лето со…“. Ги напишал „Едно лето со Хомер“ (2017) и „Едно лето со Рембо“ (2020).

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Прва седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата

Следно

Министерот Гил: Венецуела ги осудува геноцидот и израелското истребување на Палестинците

Latest from Blog

Русија најавува нова воена офанзива, Трамп нова софистицирана опрема за Украина

Се заострува реториката помеѓу двајцата највлијателни светски лидери Доналд Трамп и Владимир Путин откако не се постигна договор за прекин на огнот во Украина. При последниот телефонски разговор помеѓу Рускиот и Американскиот

Петровски по ЕП во Литванија: Девојките дадоа сè од себе во дресот на Македонија

Селекторот Виктор Петровски ги сумираше впечатоците по одиграните натпревари на Европското првенство во Б дивизијата во Литванија, на кое македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација го освои 18. место. КФМ „Мислам дека реално,

Над 700 Палестинци убиени од израелски оган во Газа чекајќи да добијат вода

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 700 Палестинци, претежно деца, се убиени од оган од израелската армија додека чекале да добијат вода од октомври 2023 година досега, соопштија локалните власти денес, јавува Анадолу.

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, по повеќемесечно криминалистичко истражување,

Која е Турската „Казанџи груп“ која планира да носи гасна револуција: милијарда евра за нови когенерациски централи во Македонија

Веднаш по потпишувањето на Меморандумот за соработка, премиерот Христијан Мицкоски објави дека турскиот енергетски конгломерат „Казанџи груп“ – познат по брендот Aksa Energy – е подготвен да вложи околу 1 милијарда евра
Go toTop