„Или-Или“ го објави романот „Идис“ од Робер Бадентер

November 28, 2023
1 min read

Издавачката куќа „Или-Или“ го објави романот „Идис“ од Робер Бадентер, во превод од француски на македонски јазик на Гзиме Старова. Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура.

Често споменуваниот Бадентер публиката веројатно го препознава преку неговиот ангажман околу осамостојувањето на Македонија по распадот на СФРЈ, но еве го и како книжевник кој многу добро го познава писателскиот занает.

Авторот ја напишал оваа книга од почит кон својата баба по мајка, Идис. Пишувајќи за нејзиниот живот и патешествието на семејството како еврејски емигранти на Руската империја, Бадентер дава еден неверојатен приказ на животот на неколку генерации на семејството на неговата баба како еврејски емигранти, дојдени во Париз пред 1914 год.

Високо оценета од книжевната критика и популарна меѓу рафинираните читатели, оваа книга претставува вистинско книжевно доживување!

Робер Бадентер (Париз, 1928) e француски адвокат и политичар. Завршил студии по литература и право во Париз. Магистрирал на Универзитетот Колумбија (САД, 1949). Докторирал компаративно право во Париз (1951). Бил адвокат во Апелациониот суд во Париз (1951-1981), министер за правда на Франција (1981-1986) и претседател на Уставниот совет на Франција (1986-1995). Бил и претседател на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија (формирана во 1991), која, под негово претседателствување, констатираше дека РМ ги исполнува сите општи и посебни услови за меѓународно признавање. Поради тоа беше прогласен за почесен доктор на правни науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (1996).

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финансиската слобода конечно во вашите раце со најдобрите услови на Промо потрошувачкиот кредит на Халкбанк

Следно

Планот на Бајден и Шулц за носење на Украина кон преговори

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора
Go toTop