Играј со најдобрите: Видеолотарија во 2024 издвои 44.980.779 за спонзрства и донации

January 8, 2025
1 min read

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Државна видеолотарија го градеше идентитетот на модерна и општествено одговорна компанија, во првата деценија од своето работење. Една од примарните цели е придонес кон создавањето еднакви услови за сите.  И во 2024 останавме посветени на оваа цел од која придобивки имаат сите граѓани, за што издвоивме вкупен буџет од 45.980.779 денари.

Со буџет за спонзорства од 27.760.918 денари, поддржавме млади кадри од спортот, образованието, културата. За донаторски активности, во 2024 беше формиран буџет од 18.219.861 денари. Од нив, лани со вкупна донација од 17.297.466 денари, на територијата на Македонија реконструиравме 4 игралишта и тоа две мултифункционални игралишта, а две детски инклузивни.

Само за потсетување, во десетгодишното постоење, чиј јубилеј, Видеолотарија Касинос Австрија, го одбележа во 2024, издвои вкупен буџет од над 205 милиони денари. Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развојот и унапредувањето на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во поттикнувањето на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра, а  и да придонесеме во создавањето подобри услови за целата заедница.

#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови цени на горивата од полноќ: Поскапуваат и бензините и дизелот

Следно

Анадолу од дрон сними бетонски Т-блокови наредени во близина на сириско-турската граница

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop