Анадолу од дрон сними бетонски Т-блокови наредени во близина на сириско-турската граница

January 8, 2025
1 min read

АЈН АЛ-АРАБ/ДАМАСК (АА) – Анадолу неодамна сними видео од воздух и од земја од објект во Ајн ал-Араб (Кобане), на границата меѓу Сирија и Туркије, окупиран од терористичката организација ПКК/ЈПГ, каде што се распоредени бетонски Т-блокови од американската база во Ал Танф.

На 2 јануари Анадолу ги следеше бетонските блокови (високи 3,6 метри), кои се користат за заштита од експлозии, залепени со знамиња на САД, кои со камиони беа транспортирани во Ајн ал-Араб.

Според веродостојни извори, бетонските блокови се пратени од американските бази во Ал Танф, регион во близина на границата со Јордан во Јужна Сирија.

Сабрина Синг, заменичката на портпаролот на Пентагон, на 3 јануари изјави дека „нема планови за изградба на воена база во Кобане“.

Блоковите се искористени за да се огради објектот што претходно е познат како хотел „Кенин“, лоциран на улица „Менц“ во центарот на градот.

Беспилотното летало Тепе на Анадолу, произведено од Анадолу Текнолоџи, го сними објектот, откривајќи пет возила, вклучително и пикап камиони што личат на оние што ги користат терористите на ПКК/ЈПГ, како и неколку поединци.

Снимката од земја на Анадолу на предниот дел на зградата ја покажува нејзината близина до границата меѓу Сирија и Туркије (еден километар).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Играј со најдобрите: Видеолотарија во 2024 издвои 44.980.779 за спонзрства и донации

Следно

Алонсо: Навикнат сум да не бидам во најдобриот болид

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop