И Зеленски потврди: Започнаа контраофанзивните акции на Украина

June 10, 2023
1 min read

Путин вчера оцени дека украинските сили нема да ги постигнат целите и ќе трпат загуби

И украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека започнала долгоочекуваната контраофанзива на Украина против Русија.

„Се случуваат контраофанзивни и одбранбени акции“,

рече украинскиот претседател во саботата.

Сепак, тој додаде дека нема да зборува детално за тоа во која фаза е контраофанзивата.

Она што е познато е дека украинските сили напредуваат на истокот на земјата, кај градот Бахмут, и на југот, во близина на Запорожје.

Ваквиот податок пред неколку дена го потврди и заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малијар.

И рускиот претседател Владимир Путин вчера во интервју исто така зборуваше за контраофанзивата на украинските сили велејќи дека може да се каже дека таа започнала, но и оти Украинците нема да ги постигнат своите цели и ќе трпат големи загуби.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пред финалето во Лигата на шампиони, Ердоган го прими Чеферин во Истанбул

Следно

Реал Мадрид го потврди и второто засилување за наредната сезона

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop