И со 450 евра минималец пак ќе бидеме на дното во регионот – 30.000 работници се под просечната плата од 41.000 денари

December 7, 2024
1 min read

Околу 180.000 вработени во земјава земаат плата под 450 евра, или под 27.700 денари колку што бараат синдикалците да изнесува минималната плата. Дури 380.000 работници пак заработуваат под просечната плата од 41.500 денари. Ова го покажуваат официјалните податоци на УЈП  за исплатени плати и придонеси, до септември годинава. Годинава паѓа и бројот на вработени за кои се исплаќаат плати преку МПИН на УЈП. Па, ако во јануари биле над 534.000 вработени, во септември нивниот број се намалил на околу 523.000.

Токму ова се аргументите на синдикалците дека минималната плата во земјава мора да расте, а со тоа и останатите плати.

Вчера не падна договор меѓу синдикатите и работодавачите за минималецот.  Владата крена раце и ги остави сами да се договорат.

„Знаете дека ние имаме став дека паушално зголемување на минималната плата не води кон напредок и раст на економијата во една држава. Имаме Закон за минимална плата, ние го почитуваме Законот, работиме институционално.“, вели Владанка Трајкоска.

„ Не можеме ние веќе да издржиме да живееме за такви мизерни плати кои ги даваат работодавачите во приватниот сектор. Тие можат да кажуваат, да даваат изјави дали треба да се зголемат платите, дали не треба да се зголемат платите, меѓутоа да внимаваат следниот пат кога ќе кажуваат дека нема работна сила во Македонија. Најголеми виновници за иселување на квалификуваните работници се токму тие.“, вели Слободан Трендафилов.

Синдикалците  бараат минималец од  450 евра или околу 27.700 денари, а работодавачите се на ставот дека тој не може да е повисок од законското усогласување, со кое би се зголемила од сегашните над 22.500 на околу 24.000 денари.

И додека синдикатот и работодавачите се договорат, минималните плати во регионот растат. Анализата покажува дека и со минималец од 450 евра, земјава пак ќе биде на дното во регионот. И  со 450 и со сегашната минимална плата од 367 евра, понизок минималец од нас ќе имаат само Албанија, каде бруто е околу 400 евра, и  Косово каде се зголемува  на 250 евра.

Така минималната плата во федерацијата Босна и Херцеговина  од 310 се зголемува на над 600 евра. Црна Гора воведува две минималани плати. За вработените со средно и пониско образование минималецот би бил 600, а за вработените со вишо  и повисоко образование – 800 евра.  Минималната заработувачка за работниците во Србија после Нова Година ќе порасне на 458 евра. Во Хрватска од 1 јануари ќе биде 750 евра.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зелен хуман град: Наредната недела протести за чист воздух

Следно

„Пишувањето писма со жалопојќи до меѓународните претставници нема да ги направи функционерите од ДУИ Европејци“

Latest from Blog

ВИДЕО: Судир на демонстрантите и полицијата и апсења на вчерашниот голем протест во Белград

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера беше одржан во Белград, се претвори во бран на инциденти во центарот на главниот гра на Србија, откако демонстранстите се обиделе да се

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да освојам грен слем оваа година

Следната недела почнува грен – слем турнирот Вимблдон. На грен слем турнирот во Англија ќе настапи и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. Пред турнирот, Србинот даде интервју за „Спортклуб“ во

Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа. „Еве ме тука во Пионирски

Го убил очувот со багер и веднаш го закопал

Сплитската полиција добила пријава непосредно пред 19 часот дека во градот Сеоце, во околината на Омиш, е извршено тешко кривично дело, тешко убиство. Како што неофицијално дознава „Слободна Далмација“, уапсен е млад
Go toTop