И синоќа улиците преполни со студенти во Белград од протестите на кои се бара правда

February 2, 2025
1 min read

Цела ноќ „Мостот на слободата“ во Нови Сад остана блокиран, а студентите спиеја во шатори. Денеска, студентите ги чистеа раскрсниците, булеварите и парковите каде што синоќа се одржа голем собир. Студенти на три новосадски факултети, со поддршка на своите колеги кои пеш пристигнаа од Белград, ги блокираа трите моста во Нови Сад, на денот кога поминаа три месеци од несреќата кај железничка станица во која загинаа 15 лица.

Славица Николиќ: „Не можам да замислам да  не поддржам нешто што се гледа од прва дека е позитивно и после долго време една добра енергија коај се чувствува во воздухот, на улиците и меѓу луѓето. Ова сега е конечно надеж дека нешто добро ќе се случи“.

Студентскиот парламент на Факултетот за хуманистички науки во Копер, Словенија денеска ги поддржа студентите од Србија кои протестираат и им порачаа дека не се сами, туку дека со нив се и нивните колеги од Словенија. Барањата на студентите за прекин на блокадите вклучуваат објавување целосна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад, за утврдување одговорност за несреќата од 1 ноември 2024 година. Тие бараат и напаѓачите на демонстрантите ширум Србија, за време на протестите кои следеа по несреќата, да бидат идентификувани и да се соочат со кривична одговорност. Барањата вклучуваат и ослободување на активистите уапсени за време на протестите, прекин на кривичната постапка против нив и зголемување на буџетот за универзитетите. Во меѓувреме, Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, соопшти дека целата документација е објавена и достапна на веб-страницата на Владата на  Србија, а е поврзана и со уривањето на настрешница на главната железничка станица во Нови Сад. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пандов: Покрената дисциплинска против затворски службеник а истрагата треба да утврди како мобилниот се нашол во затворот

Следно

Мнозинството граѓани се против влезот на Македонија во ЕУ, со прифаќање на бугарските услови

Latest from Blog

Салах би можел да потпише за Барселона?!

фото: Liverpool FC (X) Заврши ерата на “Фараонот“ на „Енфилд“. Ливерпул вчера објави дека Мохамед Салах по девет години ќе го напушти клубот. Дојде време за збиогување, но Египќанецот ќе биде запаметен

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој
Go toTop