И граѓани и партијци дадоа поддршка на Силјановска – Давкова пред да се каже дека таа е кандидат за претседателската трка

February 22, 2024
2 mins read

Наближуваат претседателските избори во Македонија. Полека почна да се добива и одговорот кои ќе бидат кандидатите на најголемите партии. Бесплатниот неделник „Македонско Ехо“, пак, (за својот број кој излезе завчера), тргна да прашува граѓани, а и членови на партијата – кого сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го кандира за претседател на државата.

Но, веќе синоќа партијата обзнани дека професорката Гордана Силјановска Давкова, е единствена која доставила кандидатура за претседател на Македонија на јавниот оглас на партијата. Дали ќе има и други кандидати на самата партиска конвенција засега не е познато. Од порано се кажа дека во најголемата опозициска партија го мери рејтингот на три лица за претседателски кандидат.

Еве што за весникот, пред да се знаеше, кој се ќе се кандидира, велеа граѓани и партиски членови: 

-Опозицијата не треба да биде комотна иако е во очевидна предност пред власта. Пендаровски беше слаб претседател, но тоа не значи дека тие треба да предложат само малку подобар. На Македонија и треба искусна и сериозна личност која треба да поправи многу работи кои ги запушти сегашниот претседател, ни вели скопјанецот Дамјан Јовановски.

Грачани и конкретно посочуваа:

-На ВМРО-ДПМНЕ и треба профил на кандидат токму каква што е Гордана Силјановска – Давкова: стручна, коректна, внимателна, точна и прецизна, со светски познавања во разни области, државотворна, почит кон законите, најчитана, скромна, смирена, неизбувлива, смета битолчанецот Злате Крстевски.

За Виолета Чивкоска можне е важна нејзината стручност во правната област.

– Професорката Гордана Силјановска најмногу одговара на профилот на претседателскиот кандидат – праведна е, умерена, стручна. Владее со правото, како со домашното така и со меѓународното право. Го знае Уставот од „а“ до „ш“, ни вели ова соговорничка. 

За останатите десетина граѓани со кои по случаен избор комунициравме пред се беше важно ВМРО-ДПМНЕ да го одржи зборот дека нема да попушти пред уцените за смена на Уставот, а кадидатот да го изберат демократски по што на изборите ќе се види дали ја погодиле личноста.

Тогаш прашавме и двајца истакнати членови во ВМРО-ДПМНЕ, која е личноста што треба да биде претседателски кандидат подржан од нивната партија:

Сакам да видам личност што вистински ќе се грижи и ќе ја води Македонија, лидер кој верува во наука и кој достоинствено ќе ја претставува Македонија во светот онака како што оваа прекрасна земја заслужува. Таква личност за мене е професорката Гордана Силјановска, бидејќи таа е докажана, светска научничка која секогаш своите одлуки, постапки и изјави ќе ги темели на цврсти научни факти и методологии, вели пратеничката Велика Стојкова Серафимовска.

Давам поддршка на професорката Силјановска-Давкова како репер за достоинствен претседател на државата. Пред сѐ како човек кој со своето долгогодишно искуство, и живот посветен на младите луѓе сметам дека најдобро може да ги артикулира младинските ставови. Со своето широко знаење и со љубов кон Македонија може да направи вистинска промена на политичката сцена, истакна Сергеј Попов, прв човек на партискиот подмладок.

Останува да се види на конвенцијата која ќе биде наскоро каква ќе биде одлуката. Но се чини дека тргна силната поддршка за професорката Силјановска. По конвенцијата  граѓаните на Македонија на избори ќе го кажат конечниот став – кој ќе ја води Македонија во наредниот претседателски мандат.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Во Собранието седници на неколку комисии

Следно

Дани Алвеш осуден на 4,5 години затвор

Latest from Blog

Косово забрани хиџаб во училиштата

Судот ја отфрли тужбата поднесена од Мрежата за професионален развој на жените „Арита“ против одлуката, објавува Klix.ba. Судот ја потврди надлежноста на Министерството Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење хиџаб во

Тројца мртви, осум исчезнати во лавина во Непал

Тројца алпинисти, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа, а осум други се водат како исчезнати откако лавина погоди експедиција на хималајски врв во Непал, соопшти полицијата во понеделник. Петмина странци се

Битола трчаше во чест на слободата – Тони Коњановски: Со спорт и заедништво го одбележавме 4 Ноември, Денот на ослободувањето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на 67-та традиционална ноќна атлетска трка, која секоја година се одржува во чест на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. „Повеќе од шест

Супермесечината в среда ќе биде најблиската и најсветлата во 2025 година

Љубителите на небесни феномени ги очекува уживање оваа недела. В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Месечината
Go toTop