И децата се соочуваат со проблеми: Кога се тажни, еве како родителите можат да им помогнат

February 13, 2024
1 min read

Иако ова е најубавиот период во животот на секој човек, и детството има бројни предизвици, убави и помалку убави денови. Со поддршката од родители и семејството, децата лесно ќе се справуваат со сите предизвици и проблеми.

Со овие неколку чекори може да му помогнете на вашето дете да се чувствува подобро.

Поставувајте му општи прашања

За да дознаете што се случува во животот на вашето дете, поставувајте му прашања од отворен тип. На тој начин, детето постепено ќе ви се отвори и ќе ви каже што е тоа што го мачи и како се чувствува. На пример, може да го прашате: „Забележувам дека нешто те растажува. Што се случува?“

Прегрнете го

Секогаш кога некој ќе ве прегрне се чувствувате посигурно, подобро и посакано. Прегратките не смеат да бидат дел од вашето секојдневние само кога вашето дете е тажно. Прегрнувајте го вашето дете во секој слободен момент, прегратките треба да бидат рутина бидејќи во нашето тело се ослободува хормонот на среќа, а тоа влијае врз расположението на детето.

Што и да е, ќе помине

Помогнете му на вашето дете да сфати дека сите лоши денови ќе поминат. Без разлика дали имаат проблеми на училиште, дали имаат проблеми со другарчињата или нешто ги боли, треба да им помогнете да сфатат дека во животот ќе има и вакви денови.

Забавни активности

За да му ги тргнете мислите од проблемите и да го расположите, практикувате некоја заедничка активност, без разлика дали станува збор за некој вид спорт или гледање некоја серија на Netflix. Каква било активност ќе му помогне на детето да ги подобри неговата самодоверба и расположението.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комплетирани полуфиналните парови на СП во ватерполо

Следно

Можна блокада на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони кон Македонија

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop