Хрватско МНЕР: Постапување на ЕППО и Ускок е по наша пријава поднесена на крајот на јануари

April 8, 2025
1 min read

Министерството за надворешни и европски работи (МВЕР) на Хрватска, со кое раководи министерот Гордан Грлиќ Радман, потврди дека во неговиот ресор е во тек акцијата на членовите на ЕППО и Ускок врз основа на пријава поднесена од МНЕР кон крајот на јануари годинава.

МНЕР се огласи со соопштение во кое наведува дека на крајот на јануари годинава, по извршена опсежна анализа на нивните стручни служби, пријавиле во Ускок забележани неправилности поврзани со пресметката на патните налози на повеќе вработени од доменот за техничка ИТ поддршка на МНЕР.

Европското обвинителство во Загреб (ЕППО) претходно соопшти дека во МНЕР е во тек заедничка акција со членови на Ускок и дека се спроведуваат итни дејствија за прибирање докази, поради можни незаконитости во врска со користењето пари од државниот буџет и од Европскиот фонд за внатрешна безбедност.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интер Мајами планира да му понуди договор на Де Брујне

Следно

Калас во Тирана: 2030 година реална цел за интеграција на Албанија во ЕУ, но двете страни треба добро ја вршат својата „домашна задача“

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop