Хрватска одбележува 16 години во НАТО

April 1, 2025
1 min read

Шеснаесет години Хрватска во НАТО! Во време на безбедносни предизвици, оваа годишнина нè потсетува на силата и важноста на нашето членство во најголемиот воено-политички сојуз, објави на Икс хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ.

Тој наведе и дека Хрватска ја исполнила целта и издвојува два проценти од бруто домашниот производ за одбраната, од кои речиси 30 отсто се насочени кон модернизација на хрватските вооружени сили.

Анушиќ најави дека Хрватска е подготвена да ја исполни следната цел – три проценти од БДП за одбрана, со што ја потврдува својата посветеност на заедничката безбедност.

Според него инвестирањето во одбраната не е трошок, туку инвестиција во сигурност и мир.

– Хрватска како сигурен сојузник активно придонесува за глобалната безбедност, учествува во сојузничките мисии и ја зајакнува колективната одбрана, градејќи поотпорен и обединет сојуз, истакна Анушиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неколку пекарници во Газа го прекинаа производството поради недостиг на гориво и брашно

Следно

Тренчевска: Пратеници да го поддржат законот на СДСМ за покачување на платите до 15.000 денари

Latest from Blog

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација
Go toTop