Неколку пекарници во Газа го прекинаа производството поради недостиг на гориво и брашно

April 1, 2025
1 min read

ДЕИР АЛ-БАЛАХ (АА) – Во Газа постои сериозен недостиг на гас за готвење поради тоа што Израел продолжува да го блокира влезот на хуманитарна помош и снабдувањето со гориво во опколената енклава, јавува Анадолу.

Пекарницата „Ал-Бена“, еден од главните извори на леб за илјадници палестински семејства во Деир ал-Балах, беше принудена да затвори поради недостиг на гас и намалените залихи на брашно, објавија локални извори.

Израелската Армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања во Појасот Газа на 18 март, при што убиени се над 920 Палестинци, а повредени се повеќе од 2.000, со што е прекршен договорот за прекин на огнот и размена на затвореници.

Континуираното затворање на граничните премини во Газа од страна на Израел ја турка палестинската енклава до „невидена хуманитарна катастрофа“, предупредија локалните власти минатата недела.

Според условите на прекинот на огнот, Израел се согласи да дозволува да влегуваат 600 камиони со хуманитарна помош и 50 камиони со гориво секој ден во Газа. Но, од почетокот на март, израелската Влада го блокира влезот на 15.000 камиони со хуманитарна помош и 1.250 камиони со гориво, според податоците на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа.

Според податоците на Светската банка, оваа помош се смета за суштинска за спас на населението на Газа, кое е паднато во сиромаштија со тековната израелска офанзива.

Од октомври 2023 година, над 50.350 Палестинци, главно жени и деца, се убиени, а над 114.400 се повредени во израелската воена офанзива.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Адеми: Апсењето на Бектеши е политички прогон – „да престане политичкото влијание во истрагата за Кочани“

Следно

Хрватска одбележува 16 години во НАТО

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Скопје, 17 октомври 2026 – Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16
Go toTop