Хрватска: Католичката црква годинава од куќен благослов би можела да заработи 17 милиони евра

December 27, 2024
1 min read

Од вчера (Св. Стефан/ Štefanje/ Stjepandan) во повеќето жупи во Хрватска почна благословувањето на куќите кое трае генерално до 6 јануари и се очекува Католичката црква во таа држава  да заработи повеќе од лани, јавија хрватски медиуми.

Во една жупа во Славонија, Надбискупијата пропиша надоместот на верниците да изнесува 30 евра по брачен пар. Ова е т.н милостина што се плаќа на црквата и нема врска со благословот. Многу луѓе го плаќаат тоа во времето на семејните благослови, јавија хрватски медиуми.

Друга славонска жупа, онаа во областа Славонски Брод, во упатството за благослов на куќи им се заблагодарува на верниците „за подарокот што ќе им го дадете на свештеникот и неговиот помошник од црквата“.

„Овој подарок не оди за свештеникот, туку за потребите на црквата. Ништо не должите, затоа ви благодариме за вашата чувствителност во поддршката на црквата“, им порачаа од жупата на верниците.

Во изјава за хрватски медиуми дел од граѓаните наведуваат дека ќе ддаат помеѓу 20 и 30 евра.

За време на тие десет дена благословување на куќите, Црквата ќе има пристоен профит.

Според последниот попис, во Хрватска има околу три милиони католици или 79 отсто од вкупното население. Според истиот попис, секое домаќинство брои во просек по 2,7 члена.

Ако може да се верува на статистиката, во Хрватска има околу милион католички домаќинства – се претпоставува дека околу две третини од домаќинствата ќе добијат благослов (случај во претходните години).

Тоа, де факто, значи дека во следните десет дена свештениците ќе влезат во речиси 700.000 домаќинства. Просечниот дар за време на благословот годинава, според груби пресметки на хрватски медиуми, треба да биде околу 25 евра. Со таа сума – Црквата од благослов на куќи ќе заработи повеќе од 17 милиони евра. Во просек тоа е околу еден и пол милион евра дневно (деновите помеѓу Св.Стефан и 6 Јануари/Три кралеви/Водици). (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отповикан од функција јужнокорејскиот в.д. претседател на државата

Следно

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава поднесена против градоначалникот Тони Коњановски

Latest from Blog

Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот

СКАНДАЛ ВО ПРЕМИЕР-ЛИГА: ВАР призна дека направил грешка за голот на Халанд!

ФОТО:facebook.com/mancity Судиската комисија во Англија призна дека е направена грешка, откако ВАР го призна победничкиот гол на Ерлинг Халанд за Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед, игнорирајќи го влијанието на офсајд-позицијата на Енцо

Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!

 Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродот бил погоден од проектил додека минувал низ Ормускиот Теснец, без да наведе дополнителни детали. Засега нема соопштение од американската војска, која претходно
Go toTop