Хрватска го одбележува Денот на државноста

May 30, 2025
1 min read

Хрватска денеска го одбележува Денот на државноста, по повод 30 мај 1990 година, кога во Загреб беше конституиран првиот демократски, повеќепартиски парламент – Сабор. Овој настан се смета за историски момент со кој симболично почна процесот на создавање независна и демократска држава.

На тој ден, на плоштадот Свети Марко, за прв пат се собраа пратениците избрани на слободни, повеќепартиски избори, на кои победи Хрватската демократска заедница (ХДЗ). Конституирањето на Саборот отвори ново поглавје во националната историја.

На првата седница беше избрано раководството на Саборот – Жарко Домљан стана претседател, а за потпретседатели беа именувани Ивица Перцан, Стјепан Сулиманац и Владимир Шекс. За претседател на Извршниот совет на Саборот беше избран Стјепан Месиќ, а дотогашната функција претседател на Претседателството на СР Хрватска ја презеде Фрањо Туѓман.

– Не се сомневав дека народот ќе ја покаже својата зрелост на изборите. Сигурен сум дека ќе знае да изгради живот достоен на слободните луѓе во својата единствена, напатена, но света татковина, рече тогаш Туѓман на конститутивната седница на првиот демократски, повеќепартиски хрватски Сабор, одржана во зградата на Саборот на плоштадот Свети Марко во Загреб, потсетуваат денеска загрепските медиуми.

Првиот повеќепартиски Сабор имаше 351 пратеник во три совети – општински, на здружен труд и општествено-политички совет. И покрај предизвиците и воените околности што следеа, тој состав донесе низа клучни одлуки: раскинување на државно-правните врски со поранешна СФРЈ, прогласување на хрватскиот суверенитет и самостојност и донесување на т.н. Божиќен устав кон крајот на 1990 година.

Денот на државноста првично се одбележуваше на 30 мај – од 1991 до 2001 година, како датум кога симболично почна процесот на создавање демократска и самостојна држава. Меѓутоа, во 2001 година, со измена на законот во мандатот на владата на Ивица Рачан, беше преместен на 25 јуни, со цел да се одбележува одлуката на Хрватскиот сабор од 1991 година за прогласување независност и раскинување на сите врски со поранешна СФРЈ.

Од 2020 година, на предлог на Владата на Андреј Пленковиќ, Денот на државноста повторно е вратен на 30 мај, со што Владата сакаше да ја врати симболиката на почетокот на демократијата во Хрватска, односно почетокот на повеќепартискиот парламентаризам.

Претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, изминатите години не учествуваше на одбележувањето на Денот на државноста на 30 мај, со објаснување дека ХДЗ произволно го прогласил тој датум за Ден на државноста. Премиерот Андреј Пленковиќ претходните денови рече дека Милановиќ ниту оваа година нема да учествува во одбележувањето на Денот на државноста, јави Хина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку осуммина повредени во руски напад со дронови врз Харков

Следно

Пендаровски: Досега нема стратешки договор со Британија

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop