Хорор во Визбегово: 24-годишник ги тепал жената и двете деца, барал парите од просење да му ги носат нему!

March 8, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил две продолжени кривични дела –  Тешка телесна повреда по член 131 со став 2 и став 1 и едно продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Во период од 4 до 7 март, во семејниот дом во Визбегово, осомничениот 24-годишник со умисла во повеќе наврати вршел семејно насилство и со тупаници, клоци и тврд предмет и нанел тешки телесни повреди на оштетената негова вонбрачна партнерка и нејзините две малолетни деца на возраст од 10 и 4 години.

Тој континуирано физички ја напаѓал жената, на која и нанел повеќе скршеници и други повреди. Кај помалото дете со тепање предизвикал хематом на црниот дроб, контузии со хематоракс на белодробно десно крило, лузни на лицето и отсуство на заби во устата, додека кај постарото предизвиканите тешки телесни повреди се животно загрозувачки  скршеници на коски на череп. Со тешкото семејно насилство сакал да ги натера парите од просење да му ги носат нему.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. По целосно прибирање на доказниот материјал, не е исклучена можноста и за потешка правна квалификација на делото.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца

Следно

Анчелоти ја прокоментира недоследноста на Мбапе

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop