Хорор сцени во Лос Анџелес

January 9, 2025
1 min read

Големите шумски пожари му се приближуваат на Лос Анџелес. Десетици илјади лица евакуирани поради огнената стихија, кој од час во час, уништува се поголеми делови околу вториот најголем град во Соединетите Американски Држави.

Најмалку 1.500 објекти се уништени додека Ураганските ветрови дополнително ја влошуваат ситуацијата, особено во лукзусните одласти во Калифорнија. Нов пожар избувна синоќа во Холивуд Хилс, на само неколку стотини метри од познатиот булевар Холивуд. Бројот на пожари во округот се искачи на шест. Четири се надвор од контрола, вклучително и два големи пожари на источната и западната страна на Лос Анџелес, кои продолжуваат да се шират.

„Се евакуиравме во 3 часот наутро. Моравме да го напуштиме домот. Сега прв пат се враќам..можам да ја видам куќата но тука не остана веќе ништо. “ – Вилијам Гонзалес.

„Штом ќе влезете, пред вас се наоѓа дневната соба. Лево беше кујната, а од десна страна имаше уште две соби. Како што можете да видите, единственото нешто кое остана е оџакот.“ – Хезус Хернандез.

Издадена е наредба за евакуација на жителите во населбата Холивуд Хилс, каде што живеат познати имиња поврзани со филмската и забавната индустрија. Одделот за вода и енергија на Калифорнија апелираа жителите да штедат вода откако голем број на хидранти кои се користат за гаснење на пожарите пресушија.

„Минатата ноќ беше една од најразорувачките и најтешките ноќи кои сме ги имале во историјата на нашиот град.“ – Маркиз Харис Досон претседател на советотна Лос Анџелес.

Според државните власти, штетата предизвикана од пожарите веќе се искачи на речиси 60 милијарди долари а околу 1,5 милиони жители на јужна калифорнија се без електрична енергија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агенцијата за патишта на Бугарија виновна 10% за несреќата на „Струма“

Следно

ВЛЕН: Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop