Агенцијата за патишта на Бугарија виновна 10% за несреќата на „Струма“

January 9, 2025
1 min read

Делумна вина за трагичната несреќа на автопатот Струма во која пред четири години загинаа 45 луѓе од Македонија има Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија. Ова се наведува во решението на Окружниот суд во Перник.

Според судот, АПИ е одговорна за 10 отсто од настанатата штета и треба да ѝ се наложи на секој од тужителите да им плати по 10 000 евра како надомест за нематеријална штета. Во одлуката се признаваат околностите дека за предметната делница не е донесен акт 16 за автопат и затоа има статус на експресен пат, бидејќи делницата беше пуштена за сообраќај во 2007 година во фаза на акт 15. При проектирањето на експресниот пат, се наведува во одлуката, не биле испочитувани геометриските карактеристики.

– Проектираниот попречен наклон на кривината одговара на брзина од 90 километри на час, но нема поставено патна ознака Б26/90 километри на потребните места за ограничување на брзината. – Одлука Окружн суд  Перник.

Странките, се додава во решението, имаат право на жалба пред Апелацискиот суд во Софија, во рок од две недели од денот на нејзиното доставување. Исто така, се наведува и дека возачот го возел автобусот со 106 километри на час, што е максималната брзина на делницата од 120 километри. Според судот причините за несреќата се сложени и опишуваат како дошло до неа.

– Возачот ја изгубил ориентацијата, а потоа ја изгуби контролата над движењето на автобусот во границите на правилната лента, свртел надесно, удрил во десната заштитна ограда во правец на сообраќајот, потоа во левата заштитна ограда, која водела до целосна деформација на возилото, заглавувајќи го автобусот меѓу двете лево безбедносни бариери при што дошло до самозапалување. – Одлука на Окружен суд во Перник.

Во одлуката на судот стои и дека одговорноста за нематеријалната штета што им е причинета на тужителите е на товар на обвинетиот, бидејќи до несреќата дошло поради непочитување на неговите обврски кои произлегуваат од Граѓанскиот законик.  Трагичната несреќа се случи на 23 ноември 2021 година, нешто пред 03:00 часот наутро, кога автобусот на „Беса транс“ со повеќе од 50 патници удри во банкината на автопатот „Струма“, а потоа се запали. Истрагата која ја спроведоа бугарските власти утврди дека главната грешка била кај возачот.

Во август 2022 година роднините на настраданите поднеле барање за обесштетување од 750 илјади евра против АПИ и Бугарската асоцијација на осигурување возила. Сега, Судот утврдил дека Агенцијата за патишта е делумно виновна и таа мора да исплати отштета на секој од барателите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган во телефонски разговор со Мелони ја нагласи потребата од итна акција за обнова на Сирија

Следно

Хорор сцени во Лос Анџелес

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop