„Хјуман рајтс воч“: Турските власти сè пожестоко удираат врз неистомислениците во пресрет на изборите

January 12, 2023
1 min read

Претседателските и парламентарните избори се закажани најдоцна за средината на јуни оваа година, но според Ердоган тие би можеле да се одржат и порано. Анкетите покажуваат дека тој и неговата партија АКП би можеле да ги изгубат изборите по 20 години поминати на власт

Турските власти на чело со претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, сè поагресивно се справуваат со неистомислениците и политичките противници пред изборите користејќи цензура и затворски казни, објави денеска организацијата „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch), јавуваат агенциите.

Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција/Фото: Архива

Претседателските и парламентарните избори се закажани најдоцна за средината на јуни оваа година, но според Ердоган  тие би можеле да се одржат и порано. Анкетите покажуваат дека тој и неговата партија АКП би можеле да ги изгубат изборите по 20 години поминати на власт.

Во својот годишен извештај, групата за човекови права ХРВ рече дека властите користат закони за цензура на социјалните медиуми и дезинформации за да ги замолчат независните медиуми, опозицијата и воопшто критичарите на власта на Ердоган.

„Владата спроведува многу остра и навредлива политика против политичката опозиција, целосно забранува јавни протести, ги затвора и ги гони бранителите на човековите права и оние за кои смета дека се критичари, а судовите постапуваат по политички наредби“,

вели Хју Вилијамсон, директор на ХРВ за Европа и Централна Азија.

Дирекцијата за комуникации на турската влада досега не се огласи со коментар на наводите во извештајот, наведуваат светските новински агенции.

Како еден од поочигледните примери за ваквиот однос на турските власти кон опозицијата и неистомислениците, се наведува случајот со градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кого судот минатиот месец го осуди на две години и седум месеци затвор и му забрани да учествува во политиката под обвинение за навреда на јавни службеници во 2019 година.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу/Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Инаку, Имамоглу важи за потенцијален противкандидат на Ердоган за претседател на државата од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).

Овој месец Врховниот суд на Турција ги замрзна банкарските сметки на прокурдската Демократска партија на народите (ХДП), третата по големина партија во парламентот поради наводни врски со милитанти. Оваа партија ги негира овие обвинувања.

Во октомври минатата година Турција усвои закон предложен од АКП со кој на новинарите и корисниците на социјалните мрежи им се заканува затворска казна до три години за ширење дезинформации, потег што предизвикува длабока загриженост за слободата на говорот во земјата.

Владата на Турција, пак, од друга страна ги негира тврдења дека судовите во последниве години презеле остри мерки против неистомислениците и дека ги замолчувале противниците.

Од владата излегоа со тврдења дека новиот закон има за цел да ги регулира онлајн публикациите, да ја заштити земјата и да се бори против дезинформациите.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Виножито и отпад во Скопје (ФОТО)

Следно

Кина утре може да го достигне дневниот рекорд на новозаразени со ковид

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop