Хигиеничарите од Општина Центар се префрлаат во ПОЦ, претпријатието ќе врши и комунални услуги

April 2, 2023
1 min read

На последната седница на Советот на Општина Центар советниците изгласаа префрлување на хигиеничарите во општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ со што претпријатието ќе извршува и комунални услуги. Префрлувањето на вработените и механизацијата ќе се случи утре, а целта на оваа дополнителна дејност на ПОЦ е ефикасно организирање и одржување на јавната чистота на јавните површини, одржување на зеленилото на јавните патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина центар. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски напомена дека за хигиеничарите иако ќе бидат префрлени во ПОЦ финансирањето на платите ќе продолжи да се извршува од Буџетот на општината.

Во делот на работењето, во делот на ова преземање на хигиеничарите разговаравме уште минатата година и тоа беше усогласено. Од 3ти април се префрлаат сите хигиеничари заедно со механизацијата за кои и понатаму ќе се грижи општината. Имаме во програма и во буџет предвидено средства за истата. Имаме на број околу 110 хигиеничари. Ќе вложуваме и оваа година верувам и следната и ќе помагаме и ќе субвенционираме работење на ПОЦ поради тоа што и самите хигиеничари се таму и ние како општина мораме да одвојуваме средства и за нивните плати и за опремата којашто е на користење, изјави Герасимовски на седницата.

Обврски на хигиеничарите кои ќе работат во рамки на ПОЦ ќе бидат одржување на чистотата на јавните површини (чистење на смет, празнење на уличните корпи за отпадоци, чистење на суви лисја, гранки и сл.), одржување на зеленилото на јавните површини и паркови на територија на Општина Центар (косење трева, поткастрување гранки и сл.), одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина Центар чистење на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење на снег од уличните клупи и корпи за отпадоци) и сл.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години

Следно

Предвремени парламентарни избори во Бугарија

Latest from Blog

Џони Деп се враќа во кината, филмот е адаптација на класик од Дикенс (ВИДЕО)

Андреа Рајзборо се придружи на екипата, а студиото веќе закажа премиера на 13 ноември 2026 година, потврди „Дедлајн“. Сценариото е напишано од Натаниел Халперн, додека продуцентка е Ема Вотс. Нова адаптација на

Следната сабота е Митровденска задушница

Православните христијани следната сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Лабудовиќ обвини за брутална бетонизација: Дали Герасимовски ставил потпис на 80 нови дозволи за градба во Центар?

Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ го впери прстот кон својот противкандидат во вториот круг од изборите – актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, посочувајќи го како креатор на она што се случува
Go toTop