Хезболах соопшти дека извел напад со дронови врз воена база во Северен Израел

August 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Хезболах денес соопшти дека неговите борци извршиле напад со дрон врз командна база на израелската војска во Северен Израел, пренесува Анадолу.

Групата наведе дека цел на ескадрилата дронови бил штабот на крајбрежниот баталјон на израелската војска на новоформираната Западна бригада во Лиман.

Во нападот, одговор на израелската агресија и убивањата во градовите Хануије и Накура, има жртви меѓу израелските офицери и војници, се додава во соопштението на Хезболах.

Се зголемуваат стравувањата за целосна војна меѓу Израел и либанската група Хезболах во период на повеќемесечната размена на прекуграничен оган и заканите на Хезболах за воена одмазда по атентатот на неговиот врховен командант Фуад Шукр во израелскиот воздушен напад во Бејрут на 30 јули.

Ескалацијата доаѓа во заднина на израелската офанзива врз Појасот Газа во која од октомври минатата година досега загинаа речиси 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Станува проблем тоа што Германија не ја води Европа како што треба

Следно

Ердоган во Истанбул се состана со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Ибрахимовиќ

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop