Хеликоптери на АРМ и МВР помагаат во гасењето на шумскиот пожар кај кочанското село Главовица

July 29, 2024
1 min read

Два хеликоптера на АРМ и МВР, заедно со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани учествуваат  во гасењето на шумскиот пожар во атарот на селото Главовица, на Осоговските Планини.

Огнот што бил забележан вчера попладне, во текот на ноќта се проширил на поголема површина, а поради непристапноста на теренот тешко оди локализирањето и гасењето.

– На терен се три наши противпожарни екипи со исто толку возила, а рано утрово ни се придружија и хеликоптерите, во обид да ја пресечеме линијата на огнот што се движи кон повисоките делови на планината. Зафатена е површина од над 50 хектари, главно со нискостеблести растенија, но изгорена е и повеќегодишна дабова шума. Поддршка со едно возило и една екипа добивме и од колегите од Македонска Каменица, како и од Доброволното противпожарно друштво – Кочани и од јавното претпријатие „Национални шуми“, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Најверојатна причина за пожарот кај Главовица е човечкиот фактор и покрај забраната за движење во шума.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтун: Турскиот претседател Ердоган остана непоколеблив во својата борба против глобалната неправда

Следно

Прашањето што го куртули Ферари од дипфејк измама

Latest from Blog

Фото: Екс тениска шампионка во секси стајлинг

 Ова го потврдува и нејзината најнова објава на социјалните мрежи, каде што само потсети зошто важеше за една од најубавите спортистки во светот. Поранешната тенисерка број еден во светот и шампионка на

Општина Битола: Панел дискусија за предизвиците и иднината на јавните претпријатија

Општина Битола и Советот на Општина Битола организираат панел дискусија на тема „Како до подобри услуги за граѓаните од јавните претпријатија“, со цел отворање поширока јавна дебата за улогата и предизвиците на

Дедо Мраз меѓу традицијата и вистината

Ова прашање сè почесто се поставува во современото општество, кое ги преиспитува дури и најдлабоко вкоренетите детски приказни. Во време кога се прави селекција на некои бајки и се забрануваат некои филмски
Go toTop