Хашим Тачи излезе од затворот во Хаг и се врати во Косово

September 2, 2023
1 min read

Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг привремено го пушти од притвор поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи за да го посети семејството, односно да го види неговиот татко, чија здравствена состојба е влошена последните денови.

Според соопштението на судот во Хаг одлуката е донесена од хуманитарни причини.

– Од хуманитарни причини Судскиот совет го упати секретаријатот да организира посета на притворениот Хашим Тачиу на Косово, заради средба со неговото семејство. Обвинетиот останува во притвор и под надзор на Специјалниот совет, се наведува во соопштението на Судот доставено до неколку приштински медиуми.

За време на престојот во Косово, Тачи ќе биде под надзор на припадници на косовската и на полицијата на Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС.

На Тачи и на уште неколкумина поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг им се суди за претпоставени злосторства врз цивили во периодот од почетокот на војната во Косово во 1998-ма до крајот на 2000 година

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мичиген го прогласи септември 2023-та за месец на македонската култура

Следно

Белингем е незапирлив: Во 95. минута донесе пресврт и триумф на Реал! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop