Харис го критикуваше Трамп за коментарот во врска со заштитата на жените

October 31, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Потпретседателката на Соединетите Американски Држави и кандидатката на демократите за претседател на претстојните избори, Камала Харис, денес го критикуваше својот противкандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп, околу неговиот коментар дека ќе биде заштитник на жените „и да им се допаѓа тоа или не“, пренесува Анадолу.

Кандидатот на Републиканците го даде овој коментар на митингот во Висконсин во средата, а Харис за неговите забелешки рече дека се навредливи.

„Мислам дека тоа всушност е многу навредливо за жените во смисла на неразбирање на нивниот авторитет, нивните права и нивната способност да донесуваат одлуки за сопствените животи, вклучително и за сопствените тела“, рече кандидатката на Демократската партија.

Таа додаде дека тоа е „последно во низата откритија за тоа како поранешниот претседател размислува за жените“.

Американските гласачи на 5 ноември ќе одлучат кој ќе го контролира американскиот Конгрес, со одлука дали во Белата куќа ќе биде поранешниот претседател Доналд Трамп или потпретседателката Камала Харис. Која политичка партија на крајот ќе го контролира Домот или Сенатот, ќе биде од клучно значење за новиот претседател за да ја спроведе својата законодавна агенда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните, туку дели проекти и во Штип и во Тетово, претходните знаеја само евро во џеб

Следно

Членовите на Управниот одбор бараат итна седница на ФФМ

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop