Харис бара крај на војната во Газа, Трамп ја обвини за антиизраелски став за време на дебатата

September 11, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – За време на нивната прва претседателска дебата вчера, републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп ја обвини демократската кандидатка и потпретседателка Камала Харис дека има антиизраелски став, јавува Анадолу.

Харис одговори на тоа велејќи дека таа го поддржува Израел во текот на целата нејзина кариера и живот.

Запрашан како ќе преговара за завршување на војната во Газа и за ослободување на заложниците, Трамп ги повтори своите претходни изјави дека војните во Газа и Украина никогаш немале да започнат доколку тој бил претседател.

„Таа го мрази Израел“, рече Трамп. „Доколку таа е претседателка, верувам дека Израел нема да постои во рок од две години отсега“.

„Таа дури и не сакаше да се состане со (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху кога тој отиде во Конгресот да одржи многу важен говор“, продолжи тој.

„Истовремено на свој начин, таа го мрази арапското население“, рече Трамп, „бидејќи целото место ќе биде разнесено: Арапи, Евреи, Израел. Израел ќе го нема.“

Харис, како одговор, рече дека тоа „апсолутно не е точно“.

„Целата моја кариера и живот ги поддржувам Израел и израелскиот народ“, рече таа.

Таа рече дека Израел има право да се брани, вклучително и од заканите од Иран и неговите полномошници, но додаде дека е важно како го прави тоа.

„Вистина е и дека се убиени премногу невини Палестинци. Деца, мајки. Она што го знаеме е дека оваа војна мора да заврши. Мора веднаш да заврши. И начинот на кој ќе заврши е дека ни треба договор за прекин на огнот, треба да излезат заложниците. Ние ќе продолжиме да работиме деноноќно на тоа“, рече таа.

Таа, исто така, го повтори својот став за дводржавно решение на израелско-палестинскиот конфликт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни

Следно

Почнува новата сезона во ракометната ЛШ

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop