Хаос во Кичево: Прво нападнал таксист, па ученици и вработени во две средни училишта, потоа случаен минувач и на крај полицаец

April 17, 2025
1 min read

Лице од Кичево нападнало се што ќе нашло пред себе, информираат од СВР Охрид. 28-годишникот најпрво нападнал таксист, а потоа ученици и вработени во две средни училишта во градот, потоа случаен минувач, и на крај откако бил приведен, физички нападнал и полицаец.

„На 16.04.2025 во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.З.(28) од Кичево. На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал неколку ученици и вработени, физички нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет. Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.“, велат од СВР Охрид.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со 6 златни медали, Македонија блесна на светската танцова сцена

Следно

Ел Салвадор двојно ќе го зголеми најголемиот затвор во светот за да смести повеќе депортирани лица од САД

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop