ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

June 23, 2026
1 min read

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што ја мачи земјата дополнително ќе се засили.

Нивото на аларм во моментов е на максимум во 15 градови, пренесува Анса.
Во црвена фаза на аларм денеска се Анкона, Болоња, Болцано, Бреша, Фиренца, Фрозиноне, Милано, Перуџа, Пескара, Риети, Рим, Торино, Верона, Венеција и Витербо.
Латина ќе биде во црвено во среда, а Бари ќе им се придружи на градовите со максимален степен на аларм во четврток, со што вкупниот број ќе се зголеми на 17.

Системот за алармирање на Министерството за здравство има три нивоа покрај нултото, зеленото, кое означува дека нема аларм, потсетува Анса и додава дека првото ниво, жолтото, е таканаречен пред-аларм, додека второто ниво, портокаловото, значи дека температурите и временските услови можат да претставуваат здравствени ризици, особено за ранливите групи како што се постарите лица и болните.

Третото ниво, црвеното, значи дека горештините претставуваат ризик по здравјето на целата популација, а не само на ранливите групи.
Високите температури парализираа добар дел од Западна Европа, во Франција починаа околу 20 лица, а на удар се Италија, Велика Британија, Шпанија, Германија…

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

Следно

Во следните 48 часа, Марко Палестра и официјално станува дел од Интер

Latest from Blog

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и

Американски носач на авиони се враќа дома. Екипажот се жалел на тешките услови

Централната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни

ДРАМА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МАРОКО И ШПАНИЈА: Масовен упад на мигранти во Европа спречен со дронови и солзавец

Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нерегуларно да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута. За време на интервенцијата беа употребени солзавец, хеликоптери, беспилотни

Над 20 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул

За 11 од нив веќе се избрани кандидати, кои ќе стапат на должност во различни временски периоди по завршувањето на законската постапка, велат од МНР за „Фокус“, посочувајќи дека станува збор за
Go toTop