Хаос на српските улици: Вучиќ ги нарече демонстрантите „терористи“ и најави „одлучен одговор“

August 17, 2025
1 min read

Студентите тврдат инспектори ги бркале со пиштоли по влезови од згради и ги тепале, а на социјалните мрежи кружат и видеа како полицаец во цивилна облека „вади пиштол“ и тргнува кон граѓаните.

Во обраќањето до нацијата, срспкиот претседател Вучиќ демонстрантите ги нарече терористи кои сакаат да убиваат, па најави одлучен одговор на државата, која според него е во голема опасност. Воведување на вонредна состојба сега не опција и е последна мерка, а одговорот на државата на случувањата кажа ќе биде поразличен од досега виденото…

-Што беше она во Нови Сад и Ваљево ако не е тероризам? Чист, не сакам да го нарекувам со потешко име. Што беше тоа? Согласно тоа, сакам почитувани граѓани да ви кажам дека ќе видите некои наши изненадувачки одлуки во следите три или четири дена. Ќе ви изгледа наредните денови дека понекаде како држава сме се тргнале и повлекле. Во еден момент ќе ја видите сета одлучност на државата Србија. Ќе искористиме се што ни е на располагање да го вратиме редот, мирот и поредокот,- -Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

Според аналитичарите пак, сликите кои ги гледаме во Србија се резултат на авторитарниот режим на Вучиќ, кој народот веќе не може да го трпи. Новинарот, и долгогодишен надворешно политички коментатор, случувањата на улиците таму ги оценува како граѓанска војна, односно, ситуации кои, според него, полека го завршуваат владеењето на српскиот претседател..

-Ова што Вучиќ во очај ја изведе полицијата да го тепа без причина народот, граѓаните, студентите, тоа е трагедија што ќе му се удри во глава многу скоро. Во Србија има огромно незадоволство кај народот, од ова што се случува поради тоа што не се слободни медиумите, што народот е осиромашен и е излезен на улица да се буни и да бара вонредни избори. Мојата прогноза е во вонредните избори што ќе мора да ги даде Вучиќ под притисок на Европа, оваа или догодина ќе ги загуби, безоглед што ги има трите полуги на власта, полицијата, пропагандата и парите. Моја проценка е дека на Вучиќ не му се пишува добро, како на неговиот бивши шеф, Слободан Милошевиќ,- Љубомир Гајдов – Новинар и аналитичар.

Според надлежните во Србија, синоќа повредени биле шест полициски службеници, а приведените се 56 лица, од нив задржани 16 за насилничко однесување, 35мина, како што информираше тамошното МВР ќе заработат прекршочни пријави..

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Дефанзивецот на ПСЖ е нов член на тимот на Сандерленд

Следно

Ова се 50 ОЧЕКУВАЊА ОД ЖЕНИТЕ КОН МАШКИОТ СВЕТ… Да, дури 50 ве чекаат :)

Latest from Blog

Србов: Амар мене ми личи на супер и коректен дечко но решил да се изгори влегувајќи во локална политика

Вечерва на дебатата се урна целата стратегија на левица и перцепцијата која сакаат да ја изградат за нив во јавноста, напиша на Фејсбук, Никола Србов. 1. „Интелектуалната“ левица да ти била без

Тензично во Подгорица: Групи граѓани се собираат на протест, откако се уапсени 11 лица: Турци, надвор! (ВИДЕО)

Како што објави Антена М, група граѓани тргнале од Стариот аеродром кон центарот на градот. Тие извикуваат „Турци надвор“ и „Турци, одете си“, пренесе Телеграф. Дан пишува дека неколку десетици жители на

Струмичанец ќе биде селектор на Србија!

ФОТО: Veljko Paunovic Coach/FB Како што стојат сега работите, се чини дека роден Струмичанец ќе биде селектор на Србија. Секако дека тоа е Вељко Пауновиќ, во моментов најдобриот тренер во Србија а

Бројката на жртви во пресметките во Рио де Жанеиро се зголеми на 64 лица, загинаа и четворица полицајци

Најмалку 64 лица, меѓу кои и четворица полицајци, беа убиени во престрелка меѓу полициските сили и локални криминалци во Рио де Жанеиро. Како што објавува порталот „Глобо“, 81 лице е приведено во
Go toTop