Ханси Флик по скандалозниот меч со Сосиедад: “Разочаран сум и гневен“!

January 19, 2026
1 min read
ФОТО: FC Barselona/FB

И дефинитивно фудбалска Шпанија “гори“. Имено секој реален фудбалси фан забележа дека Барселона вчера на гостувањето кај Сосиедад беше оштетена. Барса беше поразена, но во Шпанија, а посебно во Каталонија се вели дека ова бил фудбалски грабеж од страна на судијата Манзано. На гостите им беа поништени три гола, а не беше суден и еден пенал.

Свој коментар даде и капитенот Френки де Јонг, но секако дека во преден план беше изјавата на разгневениот Ханси Флик, тренерот на Барса:

„Разочаран сум и гневен. Ова е неправедно, едноставно не е фер. Резултатот воопшто не е одраз на она што се случи на теренот. Бевме убедливо подобар тим. Навистина не сакам да трошам енергија зборувајќи за овој судија. Мислам дека сите на стадионот и пред телевизискиот екран вечерва беа сведоци од прва рака што ни прави овој човек“ посочи Германецот и продолжи…
„Ла Лига генерално има добри судии, а потоа се појавува овој човек. Прочитав неколку коментари за него непосредно пред овој натпревар и јасно е дека сите знаат што му е. Тој е арогантен, се согласувам со Френки, всушност повеќе од арогантен. Ова се истите што ни го направија истото минатата сезона на овој стадион, нели? Исти се и во VAR собата, нели? Одлично си ја завршија работата, ништо“.

Флик истакнува дека во својата кариера никогаш не сретнал судија како него, Манзано.
„Мора да комуницирате со судиите, но со него е едноставно невозможно“, додаде тренерот на Барселона.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пукање во Чешка: Отворил оган во градското собрание и убил жена, полицијата го елиминирала

Следно

Коњановски: Денес ја славиме верата и традицијата на Богојавление Водици

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop