Хамнеи наредил директен напад врз Израел поради убиството на Ханија, тврдат ирански претставници

August 1, 2024
1 min read

Тројца ирански претставници објавија дека врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, наредил директен напад врз Израел поради убиството на водачот на милитантната група Хамас, Исмаил Ханија.

Ајатолахот Хамнеи денеска во Техеран ќе ја предводи погребната церемонија на лидерот на политичкото крило на Хамас.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека тројцата официјални претставници, вклучително и двајца членови на Револуционерната гарда, кои побараа имињата да не им се објавуваат затоа што не биле овластени да зборуваат јавно, посочиле дека иранскиот лидер ја издадал наредбата на вонредниот состанок на Врховниот совет за национална безбедност, одржан вчераутро, непосредно откако Иран соопшти дека Ханија е убиен.

Иран и Хамас го обвинија Израел за атентатот.

Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен вчераутро во Техеран, каде што присуствуваше на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Засега никој не ја презеде одговорноста за атентатот, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас поради нападот на групата на 7 октомври.

Поради убиството на Ханија иранската Влада за денови на жалост во земјата ги прогласи  среда, како и 1 и 2 август.

Ханија ќе биде погребан утре во главниот град на Катар, Доха, каде живееше во прогонство од 2019 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на турската дипломатија Фидан: „Убивајќи го Ханије, Израел го уби и мирот“

Следно

Нов повик за доброволци синоќа објави Кризниот штаб во Пехчево

Latest from Blog

Општина Битола: Просторот зад СВР се трансформира во функционален јавен простор

Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која досега претставуваше неорганизирана земјена површина. Со проектот е предвидено партерно уредување со бехатон плочки на површина од околу 800 квадратни метри.

Божиновска: Младите ја градат свесноста за богатствата на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со ученичките Марија, Јасемин и Ангела од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои стојат зад документарниот филм посветен на македонскиот рубин.

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски со изложбата „Лица“ во КИЦ Белград ја афирмира македонската уметност

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски се претстави пред белградската публика со својата најнова изложба „Лица“, која беше отворена во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград. Изложбата претставува значаен културен настан и уште еден пример

ВЛЕН се обединува во единствен политички субјект – почеток на нова политичка ера во Македонија

Коалицијата ВЛЕН влегува во нова фаза на политичко делување со најавата дека ќе функционира како единствен политички субјект, процес што веќе е започнат и постепено се интензивира. Според информациите, целта е да
Go toTop