Хамилтон: Во поголемиот дел од трката во Мелбурн немав самодоверба

March 18, 2025
1 min read

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ја анализираше својата прва трка за Ферари, откако во Австралија стартуваше од осмо, а заврши на десетто место, а непосредно пред последниот силен дожд накратко беше на чело на колоната.

-Дефинитивно направив чекор напред во петокот. За мене беше важно да изградам самодоверба. Во петокот кога влегов во болидот немав доверба, особено во брзите свиоци, ситуацијата беше сериозна. Потоа во саботата почна да ми се враќа самодовербата, беше сè подобро и подобро. Кога дојде време за трката во недела, се вративме на почеток, со Ферари почнавме од нула, во поголемиот дел од трката немав самодоверба, изјави Хамилтон.

Вели и дека со поставките, автомобилот бил многу тежок за возење, но изминатиов викенд научил многу и донел многу заклучоци.

-За следната трка треба да направиме некои промени и ќе видиме што ќе се случи. На дождот постојано бев на работ да доживеам несреќа, изјави возачот на „скудерија“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тајван: Околу островот забележани 59 кинески авиони и девет воени брода

Следно

Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop