Хамилтон во базата на Ферари: Многу сум среќен што денес го исполнувам мојот сон

January 20, 2025
1 min read

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон денеска ја објави својата прва фотографија од базата на Ферари во Маранело. Британецот е во костум, пред легендарниот модел на Скудерија Ф40 и пред зградата до патеката „Фиорано“, која Енцо Ферари ја користеше како резиденција при тестирањето таму.

-Има денови што знаете дека ќе ги паметите засекогаш и денес, мојот прв ден како возач на Ферари, е еден од тие денови. Имав среќа да постигнам работи во кариерата за кои мислев дека се невозможни, но дел од мене отсекогаш сакал да се натпреварува во црвено. Многу сум среќен што денес го исполнувам овој мој сон. Денес започнуваме нова ера во историјата на овој култен тим и едвај чекам да видам каква приказна ќе напишеме заедно, сподели Хамилтон на Инстаграм.

Утрото Хамилтон се сретна со тимот со кој ќе работи, а за денеска е закажана и работа во симулатор, а тестот на Фиорано со болидот Ф1-75 најверојатно ќе биде во среда.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Палестинците во Газа наидоа на масовни разурнувања при враќањето во своите домови

Следно

Туркије, по 12 години, повторно го отвори својот Генерален конзулат во сириски Алепо

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop