Хафизе Гаје Еркан избрана за гувернер на Централната банка на Туркије

June 9, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Искусната банкарка Хафизе Гаје Еркан е избрана да го наследи Сахап Кавчиоглу на функцијата гувернер на Централната банка на Туркије, објави Службениот весник утринава, јавува Анадолу.

Еркан (41) дипломирала индустриски инженеринг на Универзитетот „Богазичи“ во Истанбул и докторирала по оперативно истражување и финансиски инженеринг на Универзитетот „Принстон“.

Таа, исто така, има завршено две програми за обука во областа на менаџментот на „Бизнис школата на Харвард“ и лидерство на Универзитетот „Стенфорд“.

Со голем број врвни позиции во големите компании, таа имаше функција коизвршен директор на банката Фрст Репаблик со седиште во САД и член на Одборот на директори во Марш Мекланан, компанија за услуги во областите на ризик, стратегија и осигурување, извршен директор на инвестициската банка Голдман Сакс и член на Одборот на компанијата за накит „Тифани и Ко“.

Еркан, првата жена помлада од 40 години што ја носи титулата претседател или извршен директор во една од 100-те најголеми американски банки, се најде на листата „40 под 40“ на списанијата „Сан Франциско Бизнис Тајмс“ и на „Краин Њујорк Бизнис“.

Во 2019 година Еркан беше вклучена во листата на Крејн за „Забележителни жени во банкарството и финансиите“ и на листата на „Жени за гледање“ на американското списание „Американ банкер“.

Еркан има експертиза за банкарство, инвестиции, управување со ризик, технологија и дигитални иновации, а, исто така, е член на Одделот за оперативно истражување и советодавен совет за финансиско инженерство на Универзитетот „Принстон“.

Откако Кавчиоглу беше назначен за шеф на Централната банка во март 2021 година, Комитетот за монетарна политика на банката постепено ја намали референтната каматна стапка од 19 на 8,5 отсто.

Минатата недела турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, објави дека Мехмет Шимшек го наследува Нуредин Небати на функцијата министер за трезор и финансии на Туркије.

На церемонијата на примопредавање, Шимшек рече дека „Туркије нема друг избор освен да се врати на рационална основа“.

„Наша главна политика ќе биде да ја поддржиме нашата Централна банка во борбата против инфлацијата преку фискалната политика и структурните реформи што треба да се спроведат“, објасни Шимшек.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден убиен и неколкумина ранети во нов бран руски напади врз Украина, велат властите во Киев

Следно

Во украински напад со дрон врз рускиот град Воронеж повредени три лица

Latest from Blog

Култура со европска одговорност: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на

Божиновска: Државата тргнува во енергетски бум – Усвоен план со инвестиции од 5,7 милијарди евра

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Божиновска: Инвестиции од 5,7 милијарди евра ќе ја трансформираат енергетиката во 2026

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од
Go toTop