Гвардиола: Знам која е причината за поразот од Реал Мадрид

February 12, 2025
1 min read

Спектакуларен натпревар со многу шанси, многу одбрани на голот, борба и трчање одиграа Манчестер Сити и Реал Мадрид. Како што и се очекуваше, беше неизвесно до самиот крај, а „кралевите“ на крајот дојдоа до голема победа од 2-3, откако губеа на двапати.

По мечот тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола ја откри причината за поразот на неговиот тим…

„Многу пати ова ни се случува сезонава. Знам со каков квалитет располага Реал Мадрид. Во второто полувреме ја контролиравме играта, но премногу брзоплето се обидувавме да нападнеме. Ова се случи затоа што Реал Мадрид е одличен тим. Ја превземам одговорноста за поразот, но не е само до мене. До сите е. Цела сезона имаме повредени играчи и тоа сите го знаат. Јасно е дека сега ќе биде многу потешко. Мора да закрепнеме по овој пораз. Сега ќе размислуваме за дуелот против Њукасл, а потоа ќе мислиме на реваншот на Бернабеу“, рече Гвардиола.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Не може повеќе да се одложува формирањето палестинска држава со територијален интегритет“

Следно

Во Хрватска повик за еднодневен бојкот за купување во пекарите и пекарски производи поради високите цени

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop