Гвардиола по поразот од Јунајтед: Не сум доволно добар, но јас сум шефот, па морам да најдам решение

December 16, 2024
1 min read

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги искажа впечатоците по вчерашниот пораз од Манчестер јунајтед (1:2) во 16. коло од Премиер лигата.

– Не сум доволно добар. Јас сум шеф и тренер, морам да најдам решенија, но тоа се уште не сум го направил. Значи реалноста е оваа. Манчестер сити сака да игра подобро и да создава шанси. Но, засега тоа не е можно, изјави Гвардиола по натпреварот.

Шпанецот искажа пофални зборови за настапот на Манчестер јунајтед, потенцирајќи ја нивната упорност.

– Манчестер јунајтед беше неверојатно упорен. Сепак, ние сме во резултатска криза, лоша серија за која не можеме да се правдаме, истакна Гвардиола.

„Граѓаните“ се на петтото место на табелата во Англиското фудбалско првенство со 27 бодови. Манчестер јунајтед освои постигна 22 бода и се искачи на 12. место.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Напуштените фабрики за наркотици на Асад доказ за размерот на илегалната трговија со дрога во Сирија

Следно

Без струја делови од Илинден и Сарај

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop