Гвардиола: Не сме во позиција да размислуваме за титулата

1 min read

Лондонски Тотенхем го победи Манчестер Сити со 1:0, а херој беше новиот рекордер на Петлите, Хари Кејн. Менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола, е незадоволен од резултатот.

„Тотенхем поведе по наша грешка. Не е лесно да се вратите кога играте против десет играчи што се бранат. Одигравме добро, имавме шанси, но, ни недостасуваше завршница“, изјави Гвардиола.

Интересно е што ова е петти пораз во петтиот натпревар кој Манчестер сити го игра на новиот стадион на Тотенхем.

„ Порано или подоцна ќе победиме, но за мене е невообичаено што не постигнавме ниту еден гол. И во минатото промашувавме пенали. Не е лесно да се најде објаснување за тоа. Тотенхем има одличен тим кој секогаш може да ве казни. Сега не сме во позиција да размислуваме за титулата, туку само за следниот натпревар против Астон Вила, да се подготвиме добро и да одиграме најдобро што можеме“, рече Гвардиола.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Многу студено време со ветер над 60 км/ч

Следно

Ердоган за земјотресот во Туркије: Заедно ќе ја надминеме оваа катастрофа

Latest from Blog